Дали финансиската помош од ЕУ ги зацврсти капацитетите во регионот?
Финансиската поддршка на Европската Унија (ЕУ) за земјите од Западен Балкан глобално беше ефикасна и во извесна мерка ги зацврсти административите капацитетит во регионот, стои во заклучокот на новиот извештај на Европскиот ревизорски суд.
Европскиот ревизорски суд на крајот потсетува дека од 2007 до 2014 година, финансиската помош на ЕУ за земјите од Западен Балкан преку Инструментот за претпристапна помош (ИПА) е во износ од 5,1 милијарди евра. Таа беше доделена во рамките на националните и регионалните програми. Околу една четвртина од вкупно финансираните програми отиде во насока на подобрување на административниот капацитети во клучните сектори на владеењето на правото и реформите во јавната администрација.
Ревизорите на Европската Унија, забележуваат дека во позадината постојат значајни недостатоци, својствени за националните власти во регионот, пренесува дописникот на МИА.
Ревизорите спроведоа „мета-ревизија“ за целокупното управување на Европската комисија на претпристапната помош за Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Македонија, Црна Гора и Србија меѓу 2007 и 2013 година. Ревизорите главно ги оценуваа податоците од нивните претходни специјални извештаи и проценки на Комисијата и го испитаа целиот процес на програмирање, како и 52 национални проекти и три регионални програми. Тие исто така го земаа предвид развојот на ситуацијата кој се однесува за периодот 2014-2020 година.
Притоа е констатирано дека целите за управувањето на Комисијата не беа отсекогаш конкретни и мерливи.
„Комисијата треба систематски да ги применува строгите услови и да ги следи“ - изјави Иштван Шаболч Фазакас, член на Европскиот суд на ревизори, инаку одговорен за извештајот.
Доколку е потребно, идните плаќања можат да се намалат или суспендираат, додава тој во соопштението за јавноста.
Во однос на административниот капацитет, помошта од ЕУ, општо гледано, ги даде планираните резултати, како и поддршката за владеењето на правото и реформите во јавната администрација делумно е одржлива.
За проектите за „владеењето на правото", Комисијата не ги примени постојано условите, и релативно малку средства се обезбедени во клучните области како што се слободата на медиумите, јавните обвинителства и борбата против корупцијата и организираниот криминал, недостиг на политичка волја за реформи на институциите, недоволен буџет и бројот на вработени, како и лошата координација на корисниците, исто така, влијае на одржливоста на проектите.
Во областа на реформата на јавната администрација, Комисијата успеа да конвертира многу проекти со одржливи резултати. Иако ова не е директната цел на овие проекти, Комисијата може да ги охрабри корисниците да ја користат помошта како средство за учење во останатиот дел од нивната јавна администрација.
Со оглед дека Западниот Балкан е регион составен од земји, кои се сите аспиранти за членство во ЕУ, Комисијата ја поттикнува регионалната соработка и подобрувањето на административните капацитети. Сепак, во текот на ревидираниот период, Советот за регионална соработка немаше значително влијание на теренот. Политичкиот дијалог во регионот има ограничено влијание врз владеењето на правото во голем број на случаи, велат ревизорите, иако е постигнат некаков напредок во однос на реформата на јавната администрација.
Во извештајот се даваат препораки за подобрување на изработката и спроведувањето на проекти во земјите од Западен Балкан и за да се поттикне поголема посветеност од страна на националните власти. Особено, Комисијата според судот на ревизорите треба:
• да утврди специфични цели врз основа на кругот приоритети и мерливи цели;
• да применува индиректно селективно управување кога ќе го идентификува слабиот административен капацитет;
• да се применуваат соодветни услови на сите нивоа и да се надоврзе на нив, ако е потребно преземање мерки за спроведување на, како што се намалување на идните средства, суспензија на исплатите и поништување на проекти што не се договорени;
• систематски да се следат чувствителните програми и проекти;
• се вклучат земјите-кориснички во посилна политичка посветеност за воспоставување на убедлив учинок на ефикасна истрага, гонења и пресуди во случаи на корупција на високо ниво и организираниот криминал и бараат од нив да ги имаат во предвид истите и понатаму;
• подобро насочување на ресурсите во борбата против корупцијата, организираниот криминал и слободата на медиумите, како и со политички дијалог за поддршка на испорака на резултати во областите на јавната администрација и владеењето на правото;
• поддршка на регионалната соработка и да се осигура дека нејзиниот финансиски придонес во таа насока носи одржливи резултати на теренот.
