Дали евтината тарифа на струјата останува?
Евтината тарифа од 22 до 7 часот нема да се менува, потврди министерот за економија, Крешник Бектеши.
Вели дека ќе се интервенира само во високата тарифа.
„Финализиран е новиот модел на тарифирање од страна на РКЕ. Само треба да се одлучи од страна на Владата во делот на цената на ЕСМ што ќе ја даде за ЕВН хоум како што правиме двапати годишно. Лани одлучивме да биде 41 евро, сега се прават анализите во ЕСМ. Кога ќе се одлучи со која цена ЕСМ ќе ги покрива потребите на ЕВН хоум за домаќинства и мали и микро претрајтија, тогаш ќе знаеме колкава би била финалната цена по блокови“, информира Бектеши.
Бектеши кажа дека на регулираниот пазар, освен домаќинствата, влегуваат и микро и малите компании со не повеќе од 50 вработени и со приход под два милиона евра во претходната година. Граѓаните ги чека ново поскапување на струјата наскоро.
