Економија, финансии, бизнис

Контакт

Дали Европската комисија реагираше доцна во Македонија?

Дали Европската комисија реагираше доцна во Македонија?

Австрискиот европратеник Ханес Свобода, тврди дека Европската комисија реагираше предоцна и премалку во врска со настаните во Македонија.

Тој во интервју за „Јуропеан Вестерн Балканс“  објаснува дека токму ваквиот однос е причина за повторените, големи прекршувања на основните парламентарни права и слободата на медиумите.

„Не само Европската комисија, туку и сите земји членки мора да ги почитуваат и активно да ги поддржуваат овие барања упатени до македонските политички сили, особено до актуелната влада и до претседателот. Од друга страна, Грција треба да биде многу покорисна во подавањето рака на Македонија во спорот за името“ - изјави Свобода.

За слободата на медиумите во Македонија вели дека тоа е само еден од проблемите со кои се соочува земјата.

„Мислам дека слободата на медиумите како таква, е суштински елемент на демократијата и мора да се почитува во ЕУ. Тоа е основа за сите барања на земјите аспиранти за членство во ЕУ. Слободата на медиумите е само еден елемент на влошениот развој во Македонија“ - додава тој.

Според него, повторно во државата грубо се кршат основните парламентарни и медиумски права.


Слично

Поврзани вести