Дали Ердоган покажува претензии кон два грчки острови?
Тускиот претседател Реџеп Таип Ердоган минатата недела неколку пати ја обвинил Грција дека милитаризира низа егејски острови, кршејќи го меѓународното право и ја предупредил Атина на последиците од понатамошно вооружување. Тој нагласил дека не се шегува.
„Атина би требало да избегнува сништа, изјави и постапки поради кои би можела да зажали. Таквите постапки би можеле да имаат катастрофални последици“, рекол Ердоган.
Потоа оваа изјава ја објавил и на англиски и грчки јазик преку својот профил на Твитер.
На турскиот провладин ТВ канал „Хабер Турк" се емитува емисија која зборува за турско-грчката граница. Новинарот Гуркан Зенгин, застанал со стап пред картата и го насочил на најистурената западна точка на турското копно, повлекувајќи голема црта кон југ. Тој верува дека тоа би требало да биде границата меѓу Грција и Турција. Тоа би значело дека неколку грчки острови, како што се туристичките центри Родос и Кос, би станале турска територија, пишува "Deutsche Welle". Оваа информација ја вознемири Грција и таму брзо се прошири ова видео. Односите меѓу двете земји со години се затегнати. Пред неколку години медиумите пишуваа дека сега веќе екс германската канцеларка Ангела Меркел успеала во последен момент да спречи војна меѓу Турција и Грција.
