Дали Ердоган ќе го укине Уставниот суд?
Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган се заканува дека ќе го укине Уставниот суд.
Судиите од Уставниот суд на Турција донеле одлуки кои не му се допаѓаат на турскиот претседател. Тој вели дека пресудата на Уставниот суд, кој наложи ослободување од притвор на двајца новински уредници претставува чекор против државата. Ердоган ги опоменува дека овој суд со повторувањето на слични одлуки може да го доведе во прашање сопственото постоење.
Уставниот суд на Турција минатиот месец донел одлука дека притворањето на Кан Диндар и Ердем Гила, главниот уредник и шефот на редакцијата во Анкара на главниот опозициски днвник „Џумхуријет“ било незаконско и ја нарушило индивидуаната слобода и независност.
„Џумхуриет“ во мај лани објави фотографии, видео снимки и напис кои покажаа дека турските разунавачи во 2014 година, со камиони префрлале оружје во Сирија, пишуваат британските медиуми.
Слично
