Економија, финансии, бизнис

Контакт

Дали Ердоган ја избегна смртта за неколку минути?

Дали Ердоган ја избегна смртта за неколку минути?

Авионот со кој турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ноќта кога е извршен пучот се враќал од одмор во Истанбул, за време на летот бил на нишан на пилоти-пучисти кои летале со два борбени авиони Ф-16.

Но, сепак тие не пукале. Ердоган се вратил во Истанбул од Мармарис. Ја избегна смртта за неколку минути, тврди анонимен извор.

„Авионот на Ердоган беше на нишан на најмалку два ловци Ф-16 додека леташе за Истанбул. Во придружба на авионот во кој е наоѓаше Ердоган исто така имаше два авиони Ф-16. Зошто не пукале е мистерија“ - изјавил поранешен воен офицер запознаен со инцидентот.

Претходно беше објавено дека кратко по напуштањето на хотелот каде бил сместен Ердоган, објектот бил бомбардиран.

Слично

Поврзани вести