Економија, финансии, бизнис

Контакт

Дали епидемијата на морбили е оправдување на вакцинацијата?

Дали епидемијата на морбили е оправдување на вакцинацијата?
Иницијативниот одбор на родителите кои ја оспоруваат уставноста на задолжителната вакцинација смета дека најновата епидемија на морбили во Скопје е всушност трик со кој здравствените власти се обидуваат да ја оправдаат имунизацијата. „Епидемија по дефиниција, по Британската енциклопедија, е избивање на заразна болест која брзо се распространува, при што се зафатени неочекувано голем број на индивидуи во исто време и во ист регион. Според тоа, 25 случаи во три месеци во девет општини, од кои осум случаи се во најголемиот град Скопје, на заразна болест која редовно се појавува секоја година во пролет во нашата држава, секако не одговара на дефиницијата на епидемија“, посочуваат во соопштението упатено до јавноста. Родителите сметаат дека непотребно се шири паника и страв и се повикува на вакцинација. Според нив, епидемијата на морбили е вистински доказ дека вакцинацијата не нуди трајна заштита од заразната болест. Посочуваат дека во програмата за задолжителна вакцинација донесена од Владата лани, се наведува дека опфатот на вакцинацијата за мали сипаници е над 95 отсто, а ревакцинацијата е со опфат од  98,4 отсто и  се прашуваат зошто овие деца не се заштитени ако опфатот на вакцинација од 95 до 98 отсто, според службената медицина, значи колективен имунитет. „Затоа ние не сакаме нашите деца да бидат експериментални заморчиња во експеримент на вакцина за која државата плаќа скоро 13 милиони денари годишно“ , се подвлекува во соопштението.  
Слично

Поврзани вести