Дали е запоставена практичната настава на идните лекари?
Идните лекари, а сегашни студенти по медицина на факултетите немаат доволно пракса за постигнување на минимални стандарди на медицинската едукација, предупредуваат експертите. Велат, студентите на медицинските факултети се обучуваат со застарени средства за изведување настава, додека практичната настава е сведена на минимум.
Она што за познавачите е најкритично во наставниот процес е што студентите имаат минимален контакт со пациентите и основните дијагностички процедури. За да се подобри ефикасноста на образовниот процес факултетите имале проект за присуство на демонстратори за време на практичната настава, но и тоа не заживеало, а студентите од сите наставни години речиси и да не ги посетуваат здравствените институции. Претпоследниот претседател на Лекарската комора на Македонија Владимир Борозанов вели дека е запознаен со проблемите со изведувањето на практичната настава на факултетите.
Студентот по медицина во првите години мора да ги совладата знаењата за карактеристиките на човековото тело, неговите физиолошки и анатомски аспекти. Запознавајки се со „нормалното“ здраво тело студентот се подготвува за запознавање и препознавање на патолошките промени и болести, едукацијата спроведена само врз кукли т.н. „фантоми“ не може да гарантира дека студентот ќе може да ги разликува патолошките состоби, симптоми и знаци и на тој начин брззо и ефикасно да се усмери кон дијагностицирањето и лекувањето – вели Владимир Борозанов, поранешен претседател на Лекарската комора на МакедонијаБорозанов додава и дека асистентите и наставниците на факултетите се потценети. Наставниот кадар е оптоварен со наставниот процес и со нормите на здравствената дејност, тука е плакањето по учинок, казните ,мобингот. Материјалната надокнада за наставата за кадарот е смешна и демотивирачка па 65 години од постоењето на медицинскиот факултет во Скопје, професорите и асистентите се чувтсвуваат како наставата да ја изведуваат од хоби или им се наметнува како „патриотска должност“. Факултетите од внатрешноста особено погодени Проблемот со практичната настава на факултетите, меѓу кои и медицинските се потврди и на неодамнешната интеруниверзитетска конференција со министерот за образование Спиро Ристовски. Според информациите на Фактор состојбата е полоша кај факултетите од внатрешноста, па така на пример во медицинската образовна установа во Тетово големи се проблемите со праксaта со преддклиничките предмети. Во Тетово има само неколку гинеколози кои не се соодветни за нормална гинеколошка дејност а камоли за изведување на наставен процес. Професорот Борозанов вели дека заложбите на факултетите за носење на предавачи од странство во случај кога студентите и наставниот кадар на факултетите по медицина се соочуваат со недостаток на материјални средства за практична настава, се апсурдни.
Тезите дека со предавачи кои се носат од надвор ке се покрие квалитетот, наполно потиснувајки го најважниот сегмент, практичната настава, се само за залажување на јавноста и за студентите - вели Владимир Борозанов, поранешен претседател на Лекарската комора на МакедонијаШто велат од медицинскиот факултет и од Министерството за здравство? За проблемите со практичната настава за Фактор одговараат од Медицинскиот факултет во Скопје. Од факултетот тврдат дека студентите во Скопје не се соочуваат со недостаток на практична настава. Велат дека на факултетите наставата се одржува со презентации и видео материјали, но тврдат студентите на терен не работат со „фантоми“ туку со пациенти.
Студиите по општа медицина имаат обврзувачка практична настава која е дел од задолжителните предмети во студиската програма, и затоа констатациите од интеруниверзитетската конференција не се однесуваат на Медицинскиот факултет – велат од медицинскиот факултет во Скопје.Сличен одговор Фактор доби и од Министерството за здравство.
Не е вистина дека наставата на медицинските факултети се одржува само на фантоми, напротив практичните вежби по соодветните предмети се изведуваат на вистински пациенти почитувајќи ги позитивните прописи за правата на пациентите – велат од Министерството за здравство.С.Р.
Слично
