Економија, финансии, бизнис

Контакт

„ДАЛИ Е ВИСТИНА ДЕКА ГРАЃАНИТЕ КОИ ПРИМААТ ПЕНЗИИ ВО СТРАНСТВО, НЕ ДОБИЛЕ ПЕНЗИИ СО ПОСЛЕДНИТЕ ЗГОЛЕМУВАЊА?“ Најчевска прашува, граѓани во коментари одговараат

„ДАЛИ Е ВИСТИНА ДЕКА ГРАЃАНИТЕ КОИ ПРИМААТ ПЕНЗИИ ВО СТРАНСТВО, НЕ ДОБИЛЕ ПЕНЗИИ СО ПОСЛЕДНИТЕ ЗГОЛЕМУВАЊА?“ Најчевска прашува, граѓани во коментари одговараат

Професорката Мирјана Најчевска прашува дали е вистина дека Македонците кои живеат во странство и се корисници на пензија, не ги добиле пензиите со покачувањата.

„Дали е вистина дека сите граѓани на Македонија кои ги примаат пензиите во странство не добиле пензии со последните зголемувања?

Ако е точно тоа значи дека некој не само што ги прекршил законот и Уставот (со нееднаков третман врз основа на статус), туку направил и отворена кражба од Пензискиот фонд според Кривичниот законик.

Не бре, не сме ние држава. Ние сме вилает на криминални банди кои глупите граѓани ги носат на власт и се пенават на секои избори да го донесат својот криминалец“, напиша таа.




Слично

Поврзани вести