Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДАЛИ Е ПОТРЕБНА СУПЕРВАКЦИНА ЗА ДА ГО ПОБЕДИМЕ КОВИД? Вирусот има повеќе од 30 мутации, виролозите апелираат на одговорно однесување

ДАЛИ Е ПОТРЕБНА СУПЕРВАКЦИНА ЗА ДА ГО ПОБЕДИМЕ КОВИД? Вирусот има повеќе од 30 мутации, виролозите апелираат на одговорно однесување

Експертите во светот се уште не знаат точно за каква варијанта се работи, освен што е потврдено дека новиот вид има повеќе од триесет мутации и брзо се шири.

Иако во на светот му се достапни повеќе видови вакцини против корона вирусот од разни производители, експертите се загрижени за појавата на новиот вид омикрон, бидејќи не се сигурни колку ќе биде ефикасна вакцината против оваа варијанта.

Вирологот од Институтот за микробиологија и имунологија на Медицинскиот факултет во Белград, д-р Ана Банко, која ја анализира и проучува светската литература за инфекцијата од почетокот на пандемијата, вели дека доколку адаптацијата на вакцината била во употреба во почетокот на летото 2022 година.

- Во наредниот период ќе имаме показатели за ефикасноста на постоечките вакцини и за оваа варијанта на корона вирусот и евентуална потреба од адаптација на вакцините - посочува таа.

Според докторката, сепак досегашните податоци од јужноафриканските експерти, кои меѓу првите го открија омикрон, покажуваат охрабрувачки резултати.

- Сите заразени и со новата варијанта од вакцинираната популација се претежно со асимптоматска или блага клиничка слика. Како ќе се однесува новата мутација ќе видиме во следниот период - вели д-р Банко.


Слично

Поврзани вести