Дали е ова последно селфи на пратениците од дијаспората?
Денеска попладне партиите ќе расправаат за предлогот на МОСТ гласањето за дијаспората да се одложи или конечно укине. Откако се утврди дека тројцата пратеници се избираат со нерепрезентативна бројка на гласови, а освен тоа ја чинат државата 1, 3 милиони евра за организација на гласање, се погласни се најавите дека веќе дијаспората ќе нема право на глас. Има опција гласањето да биде и модифицирано.
Дијаспората од друга страна е експлицитно против да и се укине правото на глас, тие дури сметаат дека би требало и да се унапреди нивниот избор.
Сепак, како што се дознава од работните групи засега аргументите да се одложи или укине гласањето на дијаспората засега се поголеми и за очекување е да се донесе таа одлука, иако владејачката ВМРО ДПМНЕ не се согласува. Досега сите пратеници од дијаспора биле бирани од редовите на ВМРО ДПМНЕ.
При последниот избор на пратеници, тројцата избрани направија заедничко селфи. Се поставува прашањето дали е тоа нивно последно селфи како пратеници? И тогаш сите партии освен ВМРО ДПМНЕ го оспорија гласањето во дијаспората.
Реакции предизвика и малиот број гласови потребни за да се обезбеди пратеничко место во дијаспората заради малиот број пријавени гласачи. Така, според податоците од ДИК, на кандидатите во Австралија и Америка им биле доволни по околу 800 гласа за пратеничко столче, што е многупати помалку од потребниот број гласови во изборните единици во Македонија.
На фотографијата: Павле Саздов, Васко Наумовски, Ристо Манчев
Слично
