Економија, финансии, бизнис

Контакт

Дали е на повидок трет политички блок?

Дали е на повидок трет политички блок?

Помалите партии се во фаза на разговори за настапување на изборите како трет блок политички партии, кои главно се десничарски ориентирани, објави 24Вести.

Иако засега не се потврдува, неофицијално се вели дека во разговори за заеднички настап на претстојните избори се, ВМРО-Народна партија на Љубчо Георгиевски, Обединети за Македонија на Љубе Бошковски, Достоинство на Стојанче Ангелов, како и Коалицијата за промени и правда, во која членува ФРОДЕМ, ДЕМОС, МОРО – Работничка партија и Демократскиот сојуз.  Дека постојат средби и разговори на оваа тема и со други помали партии за нивно  приклучување, потврди Павле Трајанов, лидер на Демократски сојуз.

„Ќе биде еден силен политички блок, кој во основа ќе настојува да ги промени системските работи во Република Македонија за одговорноста да биде на прв степен“-вели Трајанов. Иако имаат заеднички цели, Трајанов ја исклучува можноста за коалицирање со СДСМ. „Актуелната власт треба да биде поразена на фер демократски кредибилни избори, тоа е таа определба и тука имаме заеденички точки со другите политички партии, вклучително со СДСМ, но наша определба е да настапиме заедно со политички партии со кои ја сочинуваме коалицијата за промени и правда“- додаде Трајанов.

Формирањето на трет блок од десничарски опозициски партии ќе има големо влијание врз изборниот процес и резултатите, оценуваат политиколозите.

Слично

Поврзани вести