Економија, финансии, бизнис

Контакт

Дали е на повидок откривање нов рудник на бакар?

Дали е на повидок откривање нов рудник на бакар?
Дали во Македонија може да се најде нов рудник на бакар? Во тек се истражувањата на „Кадиица“ во Пехчево каде што треба да се изгради нов рудник вели професеорот Тодор Серафимовски. - На територијата на Република Македонија има потенцијал за истражување на сите елементи, благородни метали. Најмногу се експлоатира темата за бакарот и златото. Во втор план ја ставаме „Плавица“ која е многу интересна. Долг период таму австралиска компанија врши доистражување. По овие два рудници Кадиица и Иловица во источна Македонија многу извесен е и рудникот Плавица - вели Универзитетскиот професор на Природно техничкиот факултет при универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, Тодор Серафимовски. Тој забележува дека во западна Македонија сè уште детално не се истражени рудните резерви, особено се интересни манганот, железото и во одреден дел вулканско седиментни наоѓалишта за бакар. За истражувања на нафта во Македонија досега се направени само обиди во Овче Поле, Тиквешијата и Катлановско, на далабочина до 2.000 метри. Тие не дале резултат, но подлабоките истражувања, смета професорот, можеби ќе вродат со плод. ФАКТОР неодамна објави дека Владата е во преговори со еден од најбогатите луѓе на светот, Карлос Слим за детален скен на целата територија на Македонија, што ќе покаже на колкави рудни богатства, и нафтени наоѓалишта лежи Македонија.
Слично

Поврзани вести