Економија, финансии, бизнис

Контакт

Дали е на повидок обединување на Косово и Албанија?

Дали е на повидок обединување на Косово и Албанија?

Се бара референдум за обединување на Косово и Албанија. 

Косовскиот пратеник од  Демократската партија на Косово, Наит Хасани, вели дека Косово треба да го искористи своето уставно право да донесе закон и да организира референдум за обединување со Албанија.

И досега барал од својата партија да работи на усвојување на закон што на граѓаните ќе им го даде правото да одлучат за своето обединување со Албанија. 

Албанскиот премиер Еди Рама  лани изјави дека неговата земја и Косово „ќе се обединат на класичен начин“, доколку ЕУ не ги отвори вратите за евроинтеграција на Косово и визна либерализација. 

Тогаш српскиот премиер Александар Вучиќ, како реакција на изјавата на Рама, порача дека Косово и Албанија никогаш нема да се обединат.




Слично

Поврзани вести