Економија, финансии, бизнис

Контакт

Дали Македонија и Бугарија можат да ги надминат политичките разлики и да се фокусираат на економијата?

Дали Македонија и Бугарија можат да ги надминат политичките разлики и да се фокусираат на економијата?
Македонија и Бугарија треба повеќе да ги развиваат економските релации, во трговијата но и во развојот на инфраструктурата, се согласија премиерите на двете земји Груевски и Орешарски. Од бугарска страна беше повторена потребата од потпишување на договор за добрососедство.
„Имавме средба во четири очи со премиерот Груевски. Разговаравме околу поддршката на Бугарија за зачленувањето на Македонија во НАТО и ЕУ, како и за поддршката на останатите земји на Балканот. Се надеваме дека Македонија ќе работи во насока на продлабочување на добрата меѓусоседска соработка. Би било добро да организираме и заеднички средби меѓу историчарите кои би ги интерпретирале своите тези. За време на денешната средба истакнав дека разликите на политички план не треба да бидат никаква пречка за развојот на односите меѓу двете земји, односно во економско-трговски план, а уште помалку во развојот на инфраструктурата“, изјави Пламен Орешарски – премиер на Бугарија.
Груевски истакна дека двете земји мора да разговараат повеќе за проектите на коридорот 8.
„Заеднички беше констатирано дека постои простор за поголем ангажман во економската соработка и трговската размена. Ние сме предодредени за соработка на сите полиња од заеднички интерес за да направиме подобри услови за граѓаните на двете земји. Од интерес на Македонија и на Бугарија е воспоставувње на поокоординирана соработка и зголемен интензитет во приоритетните за реализација покрупни проекти кои кореспорендираат со Коридорот 8, а се однесуваат на железничко, енергетско и инфраструктурно поврзување“, рече Груевски.
Премиерот Никола Груевски беше пречекан од неговиот бугарски колега Пламен Орешарски, но и од припадници на бугарската ВМРО на Красимир Каракачанов, кои со транспаренти во рацете пееја „И претходно и сега, Македонија е бугарска”. Тоа уште еднаш покажа дека разлики меѓу двете земји има, и дека тие се предизвик за надминување веќе две децении. Историјата, јазикот, непризнавањето на ОМО Илинден, проблемите кои во Македонија ги истакнува бугарската заедница, се само дел од напластените и натежнати околности што ги обременуваат односите. Во меѓувреме економските релации не добија на тежина, какви што треба да имаат соседите на балканот. Пругата кон Бугарија е речиси заборавена, трговските релации се сведоа на поединечни акции. Македонија и Бугарија играат топло ладно веќе две децении. Може ли мини владината седница да биде пресвртницаво таа насока? Засега опстојува декларативната посветеност, но додека нешто суштински не се промени во пристапот кон работите и во искреноста, се чини дека тоа тешко ќе оди. Заедно со премеирот Груевски, во Ќустендил беа и вицепремиерот за економски прашања, Владимир Пешевски, министерот за надворешни работи Никола Попоски, за земјоделство Љупчо Димовски и за транспорт и врски, Миле Јанакиески. Оваа неформална заедничка мини владина седица на владите на Македонија и на Бугарија е подготовка за официјалната заедничка меѓувладина седница, која треба да се одржи до крајот на годинава .Од Владата информираат дека постои позитивно расположение за заеднички владини седници, какви што се направија со Србија и со Бугарија, да се направат и со Албанија и Косово. Редакција Фактор фото МИА
Слично

Поврзани вести