Дали ДУИНГ БИЗНИС ја отсликува реалноста?
Извештајот на Светска банка „Дуинг бизнис“ го отвори прашањето колку бизнисмените им е лесно водењето бизнис?
Во извештајот Македонија е раангирања на 10-то место во светот во однос на леснотијата за водење бизнис и е најдобра од земјите во регионот. Дел од економистите посочуваат дека условите за водење бизнис се само на хартија, но реланост не е таква. Според Павле Гацов од Здружението на даночни експерти, недостасуват многу работи за да може да се каже навистина во Македонија е лесно да води бизнис, оти тоа што се посочува во извештајот слабо се спроведува на терен.Според Гацов пред треба да се има во предвид деловното опкружување во кое работат фирмите односно патната и железничката инфраструктура, системи за наводнување, квалитетна работна сила.
„Се работи за правна регулатива која што кажува дека постојат закони, прописи и услови во правна смисла да се води бизнис. Но состојбта на терен не е секогаш розова. Пред се еве да кажм во делот на затворање на фирма. Ниту еден извештај не може да ја сподели маката на субјектите што сакаат да ги ликвидират фирмите односно кои што влегле во бизнисот, не знаеле дека ќе биде тешко и сакаат да затворат и се соочувааат со проблем. Од друг страна отворањето на фирма е навистина лесно оти се формализираше до онаа смисла да не треба ништо посебно да се докажува туку да се исполнат во формална смисла условите, да се пријават и да се запишат во Центрлниот регистар зааа многу брзо време. Но сите подоцнежни активности се поврзани со разни форми на бирократија. Секој оној што ќе се обиде да обезбеди градежна дозвола, некакви лиценци ќе се судри со еден ѕид поради во кој што ќе го проколне денот кога го отворил бизнисот.Понатаму не се зема во предвид деловното опкружување, односно климата во која работат фирмите, а тука се лоша правна инфраструктура, лоша бирократска инфраструктура,лоша патна инфрастуктра, даночни решенија кои се поповолни за странските компании, а домашните се оние кои го плаќаат тоа за тие другите да имаат такви бенефици“ вели Гацов.
Во делот на условите за водење бизнис, Гацов посочува дека проблем остануваат реформите во судството и постојните измени на законите, што е клучно за водење бизнис.
