Економија, финансии, бизнис

Контакт

Дали долгот на Тутунски комбинат ќе се претвори во траен влог?

Дали долгот на Тутунски комбинат ќе се претвори во траен влог?
Предлог законот за претворање на долгот на Тутунски комбинат Прилеп кон државата, во траен влог, денеска е на разгледување пред членовите на собраниската Комисија за финансирање и буџет. Како главна причина за донесување на овој закон се посочува потребата за претворање на побарувањата по основ на даноци, акцизи, царински давачки, придонеси за задолжително социјално осигурување како и други давачки определени со закон како јавни давачки, како и каматите и другите споредни обврски настанати по основ на јавните давачки кај друштвото и правните лица кои се капитално поврзани со него. Тутунскиот комбинат има основна главнина од 2.482.223 акции, од кои 2.441.408 обични и 40.815 приоритетни акции. Државата поседува 1.973.173 обични акции, или 79,50 отсто од вкупно издадените, односно 80,83 отсто од вкупниот број на обични акции во друштвото и истите се без ограничување. Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Македонија поседува 181.081 обични акции и 40.815 приоритетни акции, без ограничување. Номиналната вредност на една акција е 51,13 евра. Со претворање на побарувањата по основа на јавни давачки ќе се зголеми учеството на Владата во основната главнина на Друштвото.
Слично

Поврзани вести