Дали доларот станува ризичен?
Соединетите Американски Држави(САД) се потпираат на приливот на странски капитал во акции, наместо во државни обврзници, со цел да финансираат надворешни дефицити, што го зголемува ризикот за американскиот долар, предупредија аналитичарите на „Дојче банк“.
Според анализата на банката, странските инвеститори купуваат сè помалку американски државни обврзници, додека во исто време силниот раст на технолошките компании, поттикнат од развојот на вештачката интелигенција, привлекува капитал на берзата, објавува Ројтерс.
Ваквата промена во структурата на капиталните приливи би можела да го направи доларот значително почувствителен на промените во расположението на инвеститорите и движењата на берзата.
Стратегот за девизен курс на „Дојче банк“, Малика Сачдева, процени дека американските државни обврзници традиционално претставуваат „безбедно засолниште“ во периоди на глобална неизвесност, со што обезбедуваат стабилна поддршка за доларот.
Сепак, како што странскиот капитал сè повеќе се насочува кон акции, особено кон технолошкиот сектор, стабилноста на американската валута сè повеќе се поврзува со цикличните движења на пазарот на капитал.
