Дали договорот е потпишан и дали Србија ќе биде „преплавена“ со работници од Гана?
Во последните денови, јавноста во Србија сè повеќе зборува за работници од Гана кои ќе го „преплават“ српскиот пазар на труд. Експертите од оваа област ги негираат ваквите обвинувања, но исто така истакнуваат дека правата на странските работници речиси се изедначиле со правата на домашните работници, пренесува Данас.
По посетата на министерот за надворешни работи на Србија, Марко Ѓуриќ, на Гана и изјавите што беа дадени, почна приказната за доаѓањето на 100.000 работници од Гана во Србија.
Сепак, целата ситуација веднаш беше демантирана и разјаснета од Министерството.
Генералниот секретар на Министерството за надворешни работи Душан Козарев изјави дека не е тајна дека Србија увезува работници.
„Сепак, бројката од 100.000 работни дозволи во моментов е еден вид ограничување за вкупниот број работни дозволи за странци на годишно ниво“, објасни тој.
Тој додаде дека тоа се однесува најмногу на сезонски работници, и дека Гана би сакала да биде дел од тоа.
Ѓуриќ самиот ја разјасни ситуацијата во изјава за агенцијата Танјуг.
„Во врска со прашањето за соработка во областа на работата, Србија со години и децении остварува одлична и активна двонасочна соработка со голем број земји од околниот регион, во корист на нашето земјоделство и економија во поширока смисла, а особено кога станува збор за сезонски работници. Минатата година, Србија издаде вкупно речиси 80.000 визи од целиот свет за вакви работници, а се повеќе и повеќе секоја година како што се развиваме и растеме економски“, рече тој.
Ѓуриќ, исто така, нагласи дека Србија со децении и години има меморандуми за соработка во областа на работата со земји од целиот свет, и дека Гана е меѓу пријателските земји со кои нема меморандуми како со другите земји во Африка, Азија и нашето соседство.
Foto: Shutterstock/Azami Adiputera
