Економија, финансии, бизнис

Контакт

Дали Црногорците урнаа рекорд по бројот на вакцинирани во еден ден?

Дали Црногорците урнаа рекорд по бројот на вакцинирани во еден ден?

Црногорците тврдат дека поставиле европски рекорд со вакцинациите кои се извршени за еден ден. 

Околу 10.000 луѓе примиле вакцина на првиот ден од масовната имунизација, а тоа е 1,5 процент од вкупното население. Информацијата денеска ја соопшти Министерството за здравство. Велат дека со ова Црна Гора постави рекорд во Европа по бројот на дози дадени за еден ден пропорционално на бројот на жители. Досега рекордер е Германија, која вакцинираше милион луѓе за еден ден, или 1,2 проценти од нејзиното население. Во државата починаа над 1.500 луѓе од коронавирусот. Земјата брзо откако почна пандемијата лани, остана без активни случаи и се прогласи за прва земја без корона во Европа. Но, потоа следуваа потешки денови, со голем број на заразени и починати. 

Слично

Поврзани вести