Дали буџетскиот ребаланс е антиразвоен и недомаќински?
Од Министерството за финансии одговараат дека со предлог ребалансот на Буџетот ниту еден капитален проект не е скратен.
Од Министерството ги наведуваат проектите во кои се вложува како автопати, гасификација, болници, училишта, ученички и студентски домови, за рурален развој. Според Министерството за финансии и со ребалансот, капиталните инвестиции остануваат на историски највисоко ниво.
За кратењето на средствата за Државната изборна комисија, надлежните објаснуваат дека кога се правел Буџетот за 2016 година и кога беше усвоен во Собрание, во Изборниот законик имаше датум за избори, но тие на два пати беа откажани. Ако се закажат по трет пат избори ќе се обезбедат средства за спроведување на истите, додаваат од Министерството за финансии.
