Економија, финансии, бизнис

Контакт

Дали бројот на вработени во преработувачката индустрија ќе се зголеми?

Дали бројот на вработени во преработувачката индустрија ќе се зголеми?

Според оценката на раководителите на деловните субјекти, индикаторот на доверба во преработувачката индустрија во декември 2016 година е за 0.3 процентни поени повисок во однос на претходниот месец, а во однос на декември 2015 година е зголемен за 4.6 процентни поени. 

Оценката за бројот на вработените е дека ќе се зголеми, се наведува во соопштение на Државниот завод за статистика. 

Состојбата на обезбеденоста на производството со порачки во декември 2016, во однос на ноември 2016 година, е поповолна, очекувањата за обемот на производството во наредните три месеци се поповолни во  однос на претходниот месец, а залихите на готовите производи сe намалени во однос на претходниот месец. 

Оценката за економската состојба на деловните субјекти во декември 2016 година е речиси на еднакво ниво како и во претходниот месец, а многу поповолна е во однос на декември 2015 година.

Просечното искористување на капацитетите на деловните субјекти во декември 2016 година изнесува 66.6% од нормалното искористување. Најголемо влијание на ограничувањето на обемот на производството имаат следните фактори: недоволната странска побарувачка со 22.8%, недостигот на квалификувана работна сила со 19.6% и недоволната домашна побарувачка со 19.3%.

Слично

Поврзани вести