Дали Брегзит ќе му наштети на грчкиот туризам догодина?
Последиците по европската економија од заминувањето на Велика Британија од Европската унија претставува закана за грчкиот туризам веќе од следната година, вели претседателот на Здружението на грчките туристички претпријатија, Андреас Андреадис.
Андреадис вели дека протокот на туристи во Грција е директно поврзан со текот на економиите на земјите од кои зависи грчкиот туризам.
Првиот директен ефект од британскиот пазар е поврзан со падот на фунтата во однос на еврото, што е зголемување на трошоците за празници за Британците во Грција и други популарни дестинации во јужна Европа.
Во 2015 година, околу 2,4 милиони британски државјани биле во Грција на одмор, трошејќи вкупно 2 милијарди евра. Оваа година, околу половина милион резервации се неизвесни.
Грчките хотелиери се повеќе загрижени за следната година. Хотелиерите стравуваат од домино ефект од Брегзит на другите европски економии, кои можат да влијаат на туризмот.
