Економија, финансии, бизнис

Контакт

Дали Борисов побегна од Груевски во Злетово?

Дали Борисов побегна од Груевски во Злетово?
Се рестартираше рудникот за олово и цинк „Злетово“. „Тоа е  резултат на една напорна и ефикасна работа на Владата во минатата и оваа година кога рудникот се најде во исклучително тешка ситуација, односно кога беше колабиран заради финансиските проблеми на неговиот претходен концесионер“, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски. Нов концесионер на Злетово е Минстрој, а на отворањето присуствуваа бугарската министерка за енергетика Теменушка Петрова, претседателот на Бордот на директори на „Минстрој“ Николај Волканов. Иако беше планирано, не дојде бугарскиот премиер Бојко Борисов, без детално образложение зошто. Инаку Борисов уште пред неколку месеци изјави дека не сака да се сретне со Груевски. „Никола Груевски не сакам ниту да го видам, ниту добар ден да му кажам, ги избегнувам сите средби со него, не ми се допаѓа тоа што го прави“, изјави Борисов во обраќање пред членовите на неговата партија ГЕРБ. МИНСТРОЈ од неодамна е сопственик на Злетово. Холдингот во последните неколку години е главен производител на олово цинкова руда во Бугарија, а компанијата стопанисува со најголемите подземни наоѓалишта за олово и цинк  во земјата. Добрево и Тораница до лани беа во сопственост на индиската фирма Индо минерали и метали, која имаше долг од 8,7 милиони евра.
Слично

Поврзани вести