ДАЛИ БИ ГО КУПИЛЕ: Се продава двособен стан без прозорци
Се продава двособен стан без прозорци за само 39.000 евра. Ваков оглас ги шокираше жителите на српскиот град Чачак, а газдата рекол дека тоа не е важно.
Огласот се појавил на Твитер и ги зачудил граѓаните. Има површина од 59 квадрат, а цената е 39.000 евра. Газдата напишал дека станот ако нема прозорци, има вентилација.
Граѓаните се пошегуваа дека ова е идеално за оние кои не сакаат да гледаат смог, пишува српски Курир.
Во Белград има 40-тина микро станови кои се продаваат и се со површина од 15 до 30 квадрати.
Слично
