ДАЛИ БЕШЕ НУЖНО: ВМРО ДПМНЕ му го препушта на СДСМ најважното министерство!
Од денеска нов министер за полиција ќе биде Оливер Спасовски, актуелен генерален секретар на СДСМ. За неговиот избор ќе гласаат пратениците од сите пратии во парламентот, како дел од пржинскиот договор, со кој се предвиде избор на министер предложен од СДСМ.
Новиот министер како што најави ќе ја департизира полицијата, правејќи од неа сервис на граѓаните.
Тој рече дека вработените немаат потреба да се плашат, бидејќи сите професионалци ќе останат на своите работни места, но нужни промени ќе има.
Исто така се очекува дека Спасовски ќе обезбеди логистика за добра соработка на МВР со новото јавно обвинителство, а секако и да осздаде услови во рамките на своите надлежности за одржување на фер избори во април.
Ова министерско место беше оставено за СДСМ по објавените бомби во кои екс министерката Јанкуловска сведочеше за начинот на работа на полицијата, по што таа беше принудена да си поднесе оставка. Од мај наваму со МВР раководеше Чавков, кој сега ќе биде заменик на Спасовски.
Денеска за нов министер за труд и социјална политика ќе биде избрана Фросина Ременски, потпретседател на СДСМ.
Слично
