Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДАЛИ „БЕГ“ СЕ ОДНЕСУВА МОНОПОЛСКИ: Плаќаме за услуга што не ја добиваме!

ДАЛИ „БЕГ“ СЕ ОДНЕСУВА МОНОПОЛСКИ: Плаќаме за услуга што не ја добиваме!
Повторно имаше протести пред Регулаторната комисија за енергетика. Граѓаните бараат да се укине паушалот што го плаќаат за парно греење, бидејќи не ја користат услугата. Со вакво проблем се соочуваат околу 20.000 домаќинства во земјава. За неплатениот паушал веќе имаат тужби од компанијата “Балкан Енерџи Груп “( БЕГ) односно поранешна Топлификација. Голем дел од тужбите се пресудени во корист на компанијата, но мал дел се во корист на граѓаните. Во меѓувреме сметките се трупаат, долговите стигнуваат кај извршители неколку пати повисоки од првичната сума. Граѓаните се револтирани и сметаат дека овие сметки што им стигнуваат се противзаконски, бидејќи имаат право на избор дали ќе се греат на парно или на друг енергенс. -Со нашите мизерни плати или пензии не можеме да ги плаќаме услугите што ги добиваме, а камо ли да плаќаме за нешто што не користиме. Ова е лудило, ова го нема никаде. Веќе дадена на извршител, сумата за неплатените сметки е неколку пати поголема од првичната, огромни трошоци и камати што треба прво на извршителот да се платат, вели жител на општината Карпош. Граѓаните велат дека низ нивните станови не поминуваат вертикални цевки за парно за кои важи плаќањето на паушалот, туку хоризонтални цевки кои не зрачат топлина. Тврдат дека  новата компанија Балкан Енерџи груп, која ја презеде дистрибуцијата на топлина, продолжила да испраќа сметки за наплата, правени врз основа на погрешна квадратура. -Нашата борба е многу јасна, правото на личен избор со што сакаме да се грееме е наше. Зошто да плаќам за нешто што не го користам, нека дојдат и нека измерат дали тие цевки што тврдат дека зрачеле топлина, се воопшто топли, тоа не е точно. Мене веќе трета тужба ми стигна, вели жител на општината Аеродром. Протестите ќе продолжат и во следниот период. Граѓаните се одлучни, велат дека ќе протестираат се додека компанијата “Балкан Енерџи Груп”, испорачува  сметки за  услуга што не ја користат.
Слично

Поврзани вести