Економија, финансии, бизнис

Контакт

Дали Бауер БГ израснува во нов градежен гигант?

Дали Бауер БГ израснува во нов градежен гигант?
Нови 618 илјади евра ќе чини доизградбата на на плоштадот “Пресвета Богородица“ вклучувајќи ја и реконструкцијата на улица Димитар Влахов. Градот Скопје склучи договор со компанијата Бауер БГ. Договорот е склучен пред четири дена, кога и е доставен до Бирото за јавни набавки. Според официјалните информации, на тендерот се јавиле 5 компании, но работата е доделена на Бауер БГ, а била избрана најниската понуда. На кои проекти работи БАУЕР БГ? Компанијата Бауер БГ во периодот од 2011 година до првата половина на 2014 година, од сите државни институции и општини со кои работела инкасирала договори вредни 30,8 милиони евра. Тоа се договорите кои официјално се објавени на интернет сајтот на Бирото за јавни набавки. Од оваа вкупна сума од 30,8 милиони евра, пари кои од државата завршиле на сметката на компанијата, 7 милиони евра исплатил Градот Скопје. Односно, во периодот од 2011 година па до првата половина на 2014 година од касата на градоначалникот Коце Трајановски на сметка на фирмата Бауер БГ се одлеале близу 7 милиони евра. Во 2011 биле склучени договори вредни 2 милиони евра, потоа 1,6 милиони евра тежеле и договорите склучени во 2012 година, во 2013 година вкупната вредност на договорите изнесува 700 илјади евра, додека пак годинава само во првите шест месеци со оваа фирма Трајановски склучил договори во вредност од 2,5 милиони евра. Договори 2014 Со фирмата Бауер БГ, од почетокот на годинава Градот Скопје има склучено договори во вредност од близу 2 милиони евра. Последниот договор, кој се однесува на плоштадот на „Пресвета Богоридица“ тежи 618 илјади евра, за доизградба на булеварот Партизански одреди до Св.Петар и Павле во втора фаза и биле исплатени 693 илјади евра, за доизградба на булеварот Партизански одреди до Св. Петар и Павле во прва фаза добила 129 илјади евра, потоа, годинава има два договори за реконструкција на постојни фасади во централното градско подрачје во вредност од 482 илјади евра. Договори 2013 Но, градот Скопје со оваа компанија соработувал и лани, кога Бауер БГ со градските власти склучила зделки вредни 704 илјади евра. Дел биле нови договори, а за дел пак се склучувале анекси на основните договори склучени неколку години пред тоа. Па така и лани, фирмата добила 372 илјади евра за изградба на фасади. Но, и биле исплатени и уште 127 илјади евра поради изведба на дополнителни непредвидени работи за реконструкција на фасади за претходно склучен договор. Фирмата добила уште 155 илјади евра за фекална мрежа на Партизанска, уште 14 илјади евра добила поради дополнителни непредвидени работи за работата на улицата Благоја Стефковски во Маџари. Непредвидени, дополнителни работи се јавиле и на работата на улицата Самоилова за што се исплатени дополнителни 36 илјади евра. Договори 2012 Во 2012 година Градот Скопје со Бауер БГ склучил договори вредни 1,6 милиони евра. Тогаш биле склучени 8 договори и анекси на договори. Додека пак, во 2011 година биле склучени 8 договори за сума од 2,5 милиони евра. При тоа речиси секоја година, комапнијата склучува дополнителни договори за непредвидени работи на основните проекти. Најобемните договори се склучени со Владата Но, освен со Градот Скопје, најтешките договори според висината на сумата се склучени со службата за општи и заднички работи. Односно за два договори, кои се однесуваат реконструкција на фасадата на владата и за изградба на административен објект, Службата за општи и заеднички работи со Бауер БГ склучила договори вредни 7 милиони евра, колку што Градот Скопје склучил во периодот од 2011 година до 2014 година. Компанијата работела и на комлексот Македонско село во Нерези, а соработувала и со повеќе други скопски општини и општини низ целата држава. Н.С. фото Билд.мк
Слично

Поврзани вести