Економија, финансии, бизнис

Контакт

Дали амбасадорите ќе ги „спасуваат“ медиумите?

Дали амбасадорите ќе ги „спасуваат“ медиумите?
Амбасадорите најавија поактивно учество за подобрување на медиумската сфера во Македонија. Независни медиуми се еден од условите за одржување на фер и кредибилни избори, порача денеска француската амбасадорка во Македонија, Лоренс Оер.  Во претстојниот период, амбасадорите од повеќе европски земји ќе посетат градови низ земјава,  за да ја потенцираат на граѓаните важноста од слободни и независни медиуми. „Треба да биде независен и јавниот сервис кој е финансиран од граѓаните. Во тој контекст треба да има избалансирано претставување на опозицијата за да можат граѓаните да имаат увид во ситуацијата во предизборниот период. На 7 април се очекува распуштање на Собранието и тешко е да се каже дека до тој рок може да се направи посериозна законска промена на тој план“ - кажа Оер. Таа се надева дека заедно со невладините организации ќе придонесат за подобри и независни медиуми во Македонија.
Слично

Поврзани вести