Дали Албанија и Косово ја координираат надворешната политика?
Енвер Хоџај, шефот на косовската дипломатија синоќа престојувал во Тирана, каде се сретнал со неговиот албански колега, Дитмир Бушати.
Во електронското изадание на приштинскиот весник „Експрес“ пишува дека Хоџај и Бушати, на средбата се координирале за разни теми од надворешната политика, пред најавената интензивна дипломатска активност на Косово, наредниот месец.
„Со министерот Бушати разговаравме за што подобра координација на теми и активности од надворешната политика, како и за зајакнување на стретешкото партнерство Косово-Албанија“ -изјавил Хоџај.
На средбата се зборувало и за идната средба во Париз, како продолжение на процесот од Берлин.
Ден пред престојот во Тирана, Хоџај престојувал во САД, што е негова прва посета откако ја превзеде функцијата шеф на косовската дипломатија.
