Дадилката-монструм тврди дека е невина
Дадилката која беше снимена како се изживува врз деветмесечно бебе во Скопје, тврди дека е невина и не чувствува одговорност.
„Такво нешто нема. Недозволиво е и вештачењето за повредите на детето да го прави општ хирург кој е некомпетентен за тоа“, вели бранителот на дадилката, адвокатот Ванчо Митев.
Скопјанката на шеесет и една годишна возраст, беше снимена на камера како тепа и се изживува врз бебе.Родителите се посомневале во неа, откако на телото на нивното дете забележале модринки, па решиле да стават камера во домот.
Она што го виделе ги шокирало и тие веднаш поднесоа тужба против дадилката, на која сега и се суди за запуштање и малтретирање на малолетно лице на кое му е нанесена тешка телесна повреда.
Таа денеска прв пат седна на обвинителската група во Основниот суд во Скопје, каде сведочеше зад затворени врати, поради заштита на идентитетот на бебето, неговите родители, но и на обвинетата дадилка.
Иако судењето се одвиваше далеку од очите на јавноста, сепак, неофицијално се дознава дека обвинетата Тодорка Н. (61) го негирала претепувањето на бебето, за кое се појави видеоснимка на социјалните мрежи.
Продолжението на судењето е закажано за 12 јануари. Дадилката е во притвор повеќе од три месеци.
[embed width="700" height="450" ]https://www.youtube.com/watch?v=z4LH-YbBlus[/embed]