Дадилката која малтретираше бебе во Скопје доби 30 дена притвор
Со притвор од 30 дена се соочи дадилката која малтретирала девет месечно бебе.
Оваа одлука ја донесол вчера Основниот суд Скопје 1, откако социјланите мрежи и медиумите ја раширија веста брзо како молња.
Снимката беше постирана на Фејсбук, од близок член на малтретираното бебе, а истата таа снимка денес е повлечена од социјалната мрежа.
Веднаш после откривањето на случајот, се огласи и лицето Ванчо Митев, преставувајќи се наводно како адвокат на дадилката.
„Законот е јасен за тоа што може да биде земено како доказ, а што не. Затоа барам издвојување на тие докази. Тоа требаше да биде земено предвид уште пред да се донесе решението за притвор. Мора да се почитува презумцијата на невиност“, пишува н својот Фејсбук профил Митев.
Адвокатот Ванчо Митев денеска ќе поднесе жалба на решението за притвор на дадилката.
– Од синоќа во 19 часот ми тече рокот за жалба, барам издвојување на снимката како доказ и судијата е должен тоа го направи исто како што се случи со прислушуваните материјали. Снимката во овој случај не е резултат на посебни истражни мерки и никако не може да послужи како доказ, вели Ванчо Митев, адвокат на дадилката.

