Економија, финансии, бизнис

Контакт

Дадилката која малтретираше бебе, на суд далеку од очите на јавноста!

Дадилката која малтретираше бебе, на суд далеку од очите на јавноста!

Поради заштита на животот, како личен така и приватен на обвинетата дадилка и заради заштита на  личниот и приватниот живот на детето и на неговото семејство и заради намалување на последиците од кривичното дело како и евентуалните последици од обелоденување на идентитетот на детето денеска судењето на дадилката која малтретираше девет месечно бебе се одвива зад затворени врати.На шеесет и едногодишната Т.С. од скопската населба Ѓорче Петров, и се суди за запуштање и малтретирање на малолетно лице а на рочиштето беа присутни и родителите на детето.Овој случај ја потресе македонската јавност, стана актуелен откако семејството каде што таа работела, објави снимки од скриена камера поставена во нивниот дом, на кои се гледа како та го удира, тресе и му вика на деветмесечното бебе кое била задолжена да го чува.

  • да има најмалку средно образование и важечка лиценца за неговател;
  • да не му е одземено вршењето на родителско право;
  • да има општа и посебна здравствена способност;
  • да не му е одземена или ограничена деловната способност;
  • да не му е изречена казна со правосилна судска пресуда со која е осудено за кривично дело за семејно насилство, одземање на малолетно лице, негрижа или злоставување на малолетно лице или родосквернавење, за кривично дело од групата на дела против половата слобода, без оглед на изречената санкција и кај кое во согласност со законот е утврдено дискриминаторско однесување.
Слично

Поврзани вести