ДАЧИЌ ЗА СЛУЧАЈОТ СО МОРИНА: Тоа е аболиција за терористи
Ако некој се наоѓа на потерница на Интерпол, тогаш што има да се размислува дали да го екстрадира или не, изјави српскиот министер за надворешни работи, Ивица Дачиќ за одлуката на судот во Скопје да не го екстрадира поранешниот припадник на ОВК, Томор Морина.
„Тука очевидно во прашање се политички причини“– изјави Дачиќ.
Тој потсетува дека така и Франција го пуштила Рамуш Харадинај и претставува проблем што Харадинај, но и други припадници на ОВК, нема да одговараат за воени злосторства пред судовите во Косово и пред Меѓународниот суд на правдата.
„Тоа е аболиција за терористи, луѓе кои вршеле воени злосторства и тоа е неприфатливо. Морина и останатите никогаш нема да одговараат“ – нагласи Дачиќ.
Вели дека „западните земји бараат Косово да стане членка на Интерпол, а тие не ја почитуваат таа организација“.
