Економија, финансии, бизнис

Контакт

Дачиќ за прослава во Прохор Пчински: Македонија секогаш гласа против наш интерес, лути сме

Дачиќ за прослава во Прохор Пчински: Македонија секогаш гласа против наш интерес, лути сме

Српскиот министер за надворешни работи, Ивица Дачиќ потврди дека е лут на Македонија, но државата не одлучувала за прославата на 2-ри август. 

Тој вели дека Српската православна црква треба да одлучи дали на властите од Македонија ќе им дозволи да го прославата државниот празник во манастирот Св. Прохор Пчински.

„Тоа е манастир, државата не одлучува за тоа. Ние секоја година добиваме барање кое го праќаме кај црквата. Црквата си комуницира со нив, а вие знаете каков е односот во тој дел. Ние сакаме да градиме добрососедски односи со Македонија и вложивме се за тоа. Македонија секогаш гласа против наш интерес. Лути сме“ - вели Дачиќ.

Српските медиуми објавија дека патријархот Иринеј и СПЦ го одбиле бартањето на македонската Влада. По долги години, Заев годинава одлучи повторно да побара дозвола од властите во Србија за прослава во Прохор Пчински. 

Слично

Поврзани вести