Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДАЧИЌ ЗА БРИТАНСКИОТ АМБАСАДОР: Во Белград јас ќе го пречекам со знамето на Република Српска

ДАЧИЌ ЗА БРИТАНСКИОТ АМБАСАДОР: Во Белград јас ќе го пречекам со знамето на Република Српска

Oткако британскиот амбасадор Николас Абот се фотографираше во Приштина со Албин Курти во неговите простории за прием на странки, пред албанското знаме, и на тој начин автоматски ја поддржал „голема Албанија“, српскиот шеф на дипломатијата Ивица Дачиќ за него има нов предлог.

„Кога ќе дојде во Белград јас ќе го пречекам со знамето на Република Српска, па да видиме што тогаш ќе каже и што ќе направи“ – изјавил Дачиќ, кој предупредува дека на британскиот премиер очигледно не му смета политиката за „голема Албанија“ која според него ја заговара Курти, главниот кандидат за „косовски премиер“.

Дачиќ сепак изјави дека е многу позначајно тоа што американските и германските амбасадори Филип Коснет и Кристијан Хелт одбиле да се фотографираат со Курти пред албанското знаме.

Слично

Поврзани вести