Економија, финансии, бизнис

Контакт

Дачиќ вели дека во Европа им се лутат затоа што употребуваат Македонија наместо ПЈРМ

Дачиќ вели дека во Европа им се лутат затоа што употребуваат Македонија наместо ПЈРМ

Српскиот министер за надворешни работи, Ивица Дачиќ синоќа изјави дека во Македонија владее мислење дека Србија работи против таа држава без разлика што тоа е негирано повеќе пати.

Тој вели дека ги предупредуваат од ЕУ затоа што го користат терминот Република Македонија. 

„Имаме проблеми во преговорите со ЕУ...Велат – мора ПЈРМ. Нѐ удираат по глава што ја признавме Македонија под нејзиното уставно име. Грците се лутат, ЕУ се лути, а Македонија гласа за Косово во УНЕСКО. Сакате да бидеме пријатели? Ќе бидеме, но тоа мора да биде обострано“ - изјави Дачиќ во интервју за телевизијата Хепи.

Според него,  „само слеп човек може да верува“ дека е ставена точка на проблемите на Балканот.

„Дали се оддалечени проблемите поради кои почнаа војни на Балканот – не се. Ова е само интермецо меѓу некои нови судири, не поради Србите, туку поради нерешените прашања на Балканот. Ако големите сили тоа не го разбираат, тие прават проблеми, ќе се вртиме во круг“- рече тој.

Зборувајќи за притисоци на големи сили на држави кои не го признале Косово, Дачиќ директно ги посочи САД, Велика Британија и Франција. 

Слично

Поврзани вести