Дачиќ: Србија прашањето на Косово и Метохија никогаш нема да го реши со капитулација
Српскиот министер за надворешни работи, Ивица Дачиќ изјави дека Србија прашањето на Косово и Метохија никогаш нема да го реши со капитулација.
Тој го оцени како срамно тоа што некој мисли дека Србија ќе попушти и ќе ја признае едногласно прогласената независност на Косово.
„Тие мислат дека тоа прашање мора да го решиме така што Србија на крајот ќе капитулира. Србија никогаш тоа нема да го направи. Таа е конструктивна и повикува на дијалог, не затоа што е слаба, туку затоа што е силна и има конкретни идеи“- изјави Дачиќ за РТС.
Дачиќ вели дека повикот на внатрешен дијалог за Косово и Метохија е повик на „дијалог меѓу нас“, додавајќи дека некои повикот на српскиот претседател Александар Вучиќ на дијалог во Србија го сфатиле како повик на признавање на независноста на Косово.
„Велат дека мојот предлог ги нарушува границите. Кои граници? Како не им е срам. Тие ги нарушија границите на Србија, а сега велат „во ред, нема повеќе“. Така не може да се води дијалог. Денес прочитав текст на некој Албанец од Брисел кој ја напаѓа мојата идеја, а Белгија и Холандија разменија територии. Ако нешто е доброволно и без сила, тогаш нема потреба некој да се грижи“- кажа Дачиќ.
Коментирајќи ги критиките на неговиот предлог за разграничување на Косово како единствено можно трајно и компромисно решение, Дачиќ кажа дека така не може да се води дијалог.
