Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДАЧИЌ: Србија нема да го признае Косово со моменталните граници

ДАЧИЌ: Србија нема да го признае Косово со моменталните граници

Србија е со непроменети позиции за ставот за признавање на Косово, изјави министерот за надоврешни работи на Србија, Ивица Дачиќ за српскиот медиум РТС.

„Позицијата на Србија останува непроменета – да го признае Косово е невозможна мисија„ истакнал Дачиќ.

Според министерот властите во Косово не зборуваат за дијалог, дијалогот за нив не постои.За нив отпочнување на преговори значи признавање на Косово од страна на Србија а тоа нема да се случи доколку останат сегашните граници. Состаноци може да се случат безброј, но доколку не е во интерес и на Србија тогаш земјата тоа нема да го прифати.

Дачиќ констатирал дека во Берлин нема отпочнато никаква нова рунда од преговорите, бидејќи дијалог во моментот нема.

Вчера во Берлин лидерите од Западен Балкан се сретнаа со францускиот претседател Емануел Макрон, и со германската канцеларка Ангела Меркел.

Слично

Поврзани вести