Економија, финансии, бизнис

Контакт

Дачиќ: Србија направила многу голема грешка што ја признала Македонија

Дачиќ: Србија направила многу голема грешка што ја признала Македонија

Министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ изјави дека Србија погрешила што ја признала Македонија под нејзиното уставно име затоа што Македонија го признала Косово и го поддржала неговото членство во УНЕСКО.

Тој додаде дека Белград во билатералните односи со Скопје и понатаму ќе го користи уставното име на Македонија, но дека мултилатерално ќе го користи името кое се употребува во ЕУ и Обединети нации – БЈРМ.

„Србија направи голема грешка. Цела Европа и целиот свет го користат називот Поранешна Југословенска Република Македонија, а ние им удривме шамар на нашите браќа Грци и сега очекуваме од Грците да не го признаат Косово, а Македонија ја признавме навредувајќи ги Грците, а тие (Македонците) секогаш гласаат за Косово. Јас морам да кажам дека сме будали“ – вели Дачиќ.

Во новогодишното интервју за агенцијата „Бета“, говорејќи за односите во регионот, Дачиќ рече дека признавањето на Косово и поддршката на неговото членство во УНЕСКО ќе ги оптовари односите на Србија со нејзините соседи – Хрватска, Црна Гора и Македонија. Кажа дека Србија ќе води политика на реципроцитет, но тоа не значи дека нешто билатерално ќе преземе против тие земји.

Тој додаде дека тоа не е одмазда, туку одговорна државна и национална политика.



Слично

Поврзани вести