Економија, финансии, бизнис

Контакт

Дачиќ: Србија ја потроши својата иднина во економска смисла

Дачиќ: Србија ја потроши својата иднина во економска смисла

На денешната владина седница, српскиот премиер Ивица Дачиќ изјави дека земјата ја потрошила својата иднина во економска смисла.

- Целата Влада стои зад оваа политика, ова не е само одговорност на министерот за финанси. Потребно е укинувањето на сите големи трошоци и непотребни привилегии, доколку народот не може подобро да живее, да има чувство на праведност, рече Дачиќ.

- Ако ова не го направиме, за две години Србија влегува во ситуација, слична на таа во Аргентина или Грција, сценарио кое ќе излезе од контрола“, додаде тој

Според Даќиќ, Србија треба да стори се што е можно, бидејќи излез за сите проблеми е растот.

- Се надеваме дека кризата ќе исчезне, што ќе биде позитивно за економијата. Овие рестриктивни мерки нема да мораме да ги применуваме повеќе години, но ќе мора да воведеме ред, истакна српскиот премиер.

Слично

Поврзани вести