Економија, финансии, бизнис

Контакт

Дачиќ соопшти дека 47 луѓе се приведени, еден од нив бил со дипломатска легитимација

Дачиќ соопшти дека 47 луѓе се приведени, еден од нив бил со дипломатска легитимација

Српскиот вицепремиер и министер за внатрешни работи, Ивица Дачиќ, денеска изјави дека во инцидентите по собирот одржан во саботата во Белград се повредени 17 полициски службеници.

Според него, 47 лица биле приведени во просториите на Министерството за внатрешни работи, а едно од нив поседувало дипломатска легитимација. Дачиќ откри дека лицето со дипломатска легитимација е претставник на Светска банка од Бразил.

Дачиќ изјави дека полицијата не нападнала никого сè додека демонстрантите не ги нападнаа нив. 

„Тоа не е само пиротехника. Тоа се камења, мотки и стапови. Тоа е напад врз претседателството, врз луѓето собрани во Пионерскиот парк и врз полициските службеници“, изјави Дачиќ во гостување на ТВ Прва.

Тој оцени дека собирот бил класичен предизборен митинг и порача дека на Србија ѝ е потребен граѓански мир, а не граѓанска војна.

Министерот нагласи дека полицијата мора да интервенира кога е нападната и додаде дека собирот бил уредно пријавен, поради што биле преземени сите неопходни мерки за безбедност.

Тој наведе дека биле поднесени осум кривични и 31 прекршочна пријава и оцени дека е недозволиво што биле повредени 17 полицајци.

Кажа дека од почетокот на протестите во Србија биле повредени повеќе од 300 полицајци, а од 1 ноември 2024 до 30 април годинава биле одржани вкупно 30.210 јавни собири. 

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска изјави дека е можно наскоро да поднесе оставка. 

Слично

Поврзани вести