Економија, финансии, бизнис

Контакт

Дачиќ со провокација од Грција: Србија направи грешка што пред 20 години ја призна БЈРМ

Дачиќ со провокација од Грција: Србија направи грешка што пред 20 години ја призна БЈРМ

Министерот за надворешни работи на соседна Србија Ивица Дачиќ вчера во Атина, после состанокот со колегата Никос Коѕиас, изјавил дека Србија и Грција се пријателски земји, кои треба меѓусебно да се поддржуваат и помагаат и разговараат за важни регионални прашања.

Шефот на српската дипломатија рекол дека е важно Србија со Грција да разговара за регионални прашања како што е влијанието на Турција во регионот, мигрантската криза, соработката во борба против тероризам, негативното влијание на големоалбанскиот фактор на Балканот, како и проблемите во „врска со името и односите со БЈРМ“.

„Сметам дека Србија направи грешка пред 20 години кога го призна Скопје под името Република Македонија. Тоа не беше коректно кон Грција, а Скопје секогаш имало негативен став по прашањето на Косово и Метохио. Тие ја признале независноста на Косово и гласале за прием на Косово во Унеско“, рекол Дачиќ.

Тој додал дека Србија нема да повлекува никакви потези кои би можеле да ја нарушат стабилноста во регионот и дека Србија „за разлика од некои други народи, нема територијални претензии кон делови од Грција“:

Дачиќ рекол дека Србите и Грците се пријатели и браќа и дека обврска на политичарите е да ја следат таа приврзаност која постои помеѓу двата народа.

Слично

Поврзани вести