Економија, финансии, бизнис

Контакт

Дачиќ прашува дали треба да се оди на собири каде се турка идејата за Голема Албанија

Дачиќ прашува дали треба да се оди на собири каде се турка идејата за Голема Албанија

Српскиот шеф на дипломатијата Ивица Дачиќ, денеска изјави дека однесувањето на Албанија на Самитот „Брдо-Бриони“ во Тирана, каде нејзините претставници говореле за укинување на границата со Косово и спојување на три општини од југот на Србија, е безобразие кое заслужува остра реакција од Србија. 

За него ова е плукање во лице на ЕУ, кои бараат Србија да биде конструтивна. 

Тој вели дека тие ќе седат на маса, но другите ќе форсираат формирање на голема Албанија. 

Дачиќ прашува каде се сега од меѓународната заедница да реагираат на изјавите за укинување на границата меѓу  Косово и Албанија. Тој поставува прашање дали треба да се учествува на собири каде зад грб се турка идејата за Голема Албанија. 

Слично

Поврзани вести