Економија, финансии, бизнис

Контакт

Дачиќ: Прашање е дали ќе има воопшо состанок со Меркел во Париз

Дачиќ: Прашање е дали ќе има воопшо состанок со Меркел во Париз

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, и германската канцеларка Ангела Меркел ќе разговараат за подготовките за состанокот во Париз, но прашањето е дали воопшто ќе дојде до тоа, рече српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ

"Нема ни да го има, ако не постои начин да ја поправат состојбата, или ако не постои начин да се елиминира наметнатите царински такси од Косово. Макрон и Меркел нема да дозволат Харадинај да ги влече за носот", рече Дачиќ на прес-конференција.

Тој истакна дека Србија ќе го продолжи дијалогот со Косово во моментот кога властите во Приштина ќе ги укинат таксите.

"Ние сме подготвени за компромис, сакаме договор. Доколку другата страна не го сака, не можеме да одиме против националните и државните интереси", рече Дачиќ.

Запрашан за заладување на односите меѓу Германија и Србија, Дачиќ рече дека нема таков случај и дека Србија не сака да го продолжи дијалогот додека не се укинат високите такси за српски производи од Косово.


Слично

Поврзани вести