Дачиќ нарачал итна инспекција во српските амбасади
Дали Србија е пред нов безбедносен ризик, се прашуваат српските медиуми откако министерот за надворешни работи Ивица Дачиќ најави дека ќе има итна инспекција по сите српски дипломатско-конзуларни преставништва.
„Контролорите“ до сега ненајавено ги посетиле амбасадите во Виена и Братислава, а предвидено е во наредниот период да се проверат што повеќе дипломатски „филијали“ не само во Европа, туку и на подалечни дестинации.
Екипата подготвува детален извештај за секој надзор кој, со препораки, се доставува на министерот за надворешни работи Ивица Дачиќ.
Како што пишува „Новости“, сите неправилности ќе бидат регистрирани, а во зависност од евентуалните пропусти, ќе има сериозни санкции, додека, пак, таму каде што надзорот ќе покаже дека „се е под конец“ ќе следат награди за амбасадорите.
Според весникот, се проверува се – од финансиите до безбедноста на дипломатско-конзуларните претставништа, како и нивото на комуникации кои ги остваруваат со останатите земји.
