Економија, финансии, бизнис

Контакт

Дачиќ: Косово нема да добие поддршка за влез во УНЕСКО

Дачиќ: Косово нема да добие поддршка за влез во УНЕСКО

Министерот за надворешни работи на Република Србија Ивица Дачиќ изјави дека во септември заедно со претседателот Александар Вучиќ, ќе присуствува на седницата на Генералното собрание на Обединетите нации, каде ќе бидат продолжени преговорите со државите во врска со барањето за членство на Косово во Унеско.

Дачиќ, на одбележувањето на годишнината од убиството на српските деца во Гораждевц, ја нагласи силната дипломатска активност кога е во прашање прашањето за лобирање меѓу државите членки на ОН, против приемот на Косово во Унеско. Тој истакна дека Косово нема да биде примено во Унеско, бидејќи сега против тоа ќе бидат и државите кои претходно биле воздржани.


Слично

Поврзани вести