Економија, финансии, бизнис

Контакт

Дачиќ и Тачи повторно на преговори во Брисел

Дачиќ и Тачи повторно на преговори во Брисел
По четиринаесети пат, денеска во Брисел, со посредство на високата претставничка на ЕУ, Кетрин Ештон, на иста маса ќе седнат премиерот на Србија, Ивица Дачиќ и премиерот на Косово, Хашим Тачи. Тие двајца ќе разговараат за правосудството, полицијата, телекомуникациите и енергетиката. Во оваа рудна на преговори, во рамките на договорот за нормализација на односите помеѓу Белград и Приштина, треба да се побара решение за излезот на косовските Срби на локалните избори во ноември, бидејќи на тие избори ќе се формира Заедница за српските општини. Минатата недела во седиштето на Европската комисија се водеа и технички преговори за формирање на полициските служби во идната Заедница.  
Слично

Поврзани вести