Економија, финансии, бизнис

Контакт

Дачиќ: И мене ме малтретираат затоа што примив руска вакцина

Дачиќ: И мене ме малтретираат затоа што примив руска вакцина

Претседателот на Собранието на Србија и Социјалистичката партија на Србија (СПС), Ивица Дачиќ денеска изјави дека најдобриот тенисер на светот Новак Ѓоковиќ е подложен на „одвратно, политичко малтретирање и злоупотреба“.

„Не се покани сам, му дадоа т.н. ослободување за овие случаи на исклучоци, бидејќи тоа моравме да го побараме и кога отидовме во Глазгов, на состанокот за климатските промени, што го организираа Обединетите нации. Затоа што не можете да влезете во некои земји ако сте вакцинирани со руска вакцина како мене“, изјави Дачиќ за ТВ Пинк.

Најави дека наскоро треба да замине во Франција, пред собраниската делегација и потребно е да добие изземање бидејќи таа земја не ја признава руската вакцина.

Дачиќ рече дека ситуацијата во Австралија е „политички нестабилна бидејќи сите бркаат рејтинг“ и дека сега таму се случува „злоупотреба за политички цели“.



Слично

Поврзани вести