Економија, финансии, бизнис

Контакт

Дачиќ и Јункер во конфликт: Се бара ли Србија да изврши харикири?

Дачиќ и Јункер во конфликт: Се бара ли Србија да изврши харикири?

Српскиот шеф на дипломатијата, Ивица Дачиќ изјави дека го нема тој морков поради кој Србија доброволно би се откажала од Косово и Метохија.

„Лицемерно е одделни кругови во Брисел од нас да го очекуваат тоа историско харакири, додека ни тие самите во ЕУ немаат единствен став околу косовското прашање“, истакна Дачиќ.

Дачиќ во интервју за Вечерње новости го коментираше и продолжувањето на дијалогот на Белград и Приштина во Брисел, со фокус на Заедницата на српски општини, истакнувајќи дека Србија нема да се согласи на какви било промени и преправки на претходно потпишаниот договор за ЗСО, на што инсистираат Албанците.

Тој кажа дека, дури и Брисел ако се согласи на такво нешто, дијалогот нема да продолжи. 

„Тие во Приштина изгледа патат од амнезија и не знаат дека Бриселскиот договор го потпишавме Хашим Тачи, Кетрин Ештон и јас и дека во него јасно се назначени обврските на двете страни“- кажа Дачиќ.

Со потсетување дека договорот беше потпишан пред пет години, Дачиќ кажа дека желбата на Приштина е Србите од северот на Косово да ги претстават како дестабилизирачки фактор, што особено било случајот со убиството на Оливер Ивановиќ.

Дачиќ истакна и дека во самата ЕУ нема согласност околу статусот на Косово и дека поради тоа Брисел не може да му наметнува Белград нешто околу што самите тие не можат да се договорат.

Претседателот на Европската Комисија, Жан Клод Јункер во Белград ја коментираше изјавата на Дачиќ. 

Јункер на прес конференцијата јасно порача дека земјите со билатерални спорови не може да станат членки на Европската Унија , говорејќи за спорот меѓу Белград и Приштина. 

,,Знам дека многумина зборуваат за 2025 и сакам да биде совршено јасно дека тоа не е ветување, тоа се перспективи, можности, охрабрување. Земја што сака да стане членка по големите напори, треба да биде охрабрена. Сите ваши напори не бера бесполезни“- рече Јункер. 

Одговори дека нема да бараат од Србија да изврши харикири.

Слично

Поврзани вести